Софтвер за ресторан

Софтвер за ресторан: од резервацијата до сметката

Detalica го води ресторанот низ целата вечер: резервации и маси, нарачки до кујната, поделена сметка со фискален печатач, смени на персоналот и залиха по нормативи.

Кујната ја гледа нарачката веднаш

Секој артикл стигнува на својата станица — топла кујна, ладна кујна, шанк — со време од нарачката. Келнерот добива известување кога е готово.

  • Станици по артикл
  • Курсови: прво предјадење, па главно
  • Распоред на маси по зони

Маса 7

Келнер: Ана
Шопска салата×2
Тавче гравче×2
Скопско 0,5 l×3
Макијато×1
Испрати

Кујна · Маса 7

3 мин
Шопска салата×2
Тавче гравче×2

Шанк · Маса 7

1 мин
Скопско 0,5 l×3
Макијато×1

Смени, пазар и резервации

Кој е во смена, кој доцни, колку готовина и картичка носи секој келнер. Резервациите гостинот ги потврдува преку линк.

  • Распоред на смени
  • Предавање на пазарот на крај на смената
  • Резервации со потврда од гостинот
Смена · 18:00–24:00
КелнерПочетокГотовинаКартичка
Ана во смена17:587.8404.120
Марко во смена18:035.3102.960
Елена доцни—00

Вечерта на еден поглед

Страницата „Вечерва“: промет, отворени маси, повици од маси, резервации и залиха што недостасува, освежено секоја минута.

  • Промет по ден и час
  • Најпродавани артикли
  • Трошок за персонал

Вечерва

Промет денес

48.260

Отворени маси

9 / 14

Најпродавани

Макијато86
Скопско 0,5 l64
Тавче гравче41

Прашања за софтверот за ресторан

Дали работи за ресторан со повеќе сали?

Да. Секоја зона има свои маси, свој компјутер и, по желба, свои цени — на пример за приватна прослава.

Може ли гостите да ја поделат сметката?

Да. Секој гостин плаќа своето, секое со своја фискална сметка.

Што ако падне интернетот среде вечерата?

Компјутерот во објектот продолжува да нарачува, наплаќа и печати; кога интернетот ќе се врати, сè се синхронизира.

Подготвени за помирна вечер?

Закажете демо — ќе ви покажеме на вашето мени.

Контакт

Ајде да разговараме за вашиот бизнис

Имате прашања? Би сакале да чуеме од вас. Испратете ни порака и ќе одговориме што е можно побрзо.